Приказните за наводни војни за кои пишува Груби, се само дефокус за сомнежот за криминал во кој семејството Груби стигна до деловен простор од половина милион евра, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение целото соопштение 

Но кога сме кај преведувачот во амбасада кој стана милионер би го истакнале следното:

Легендата за Артан Груби вели дека тој на своето тело имал тетовирано знаме од ВМРО, затоа што така мислел дека повеќе ќе се додвори, а по смена на власта се сетил на своите комунистички корени, при што добил и нова тетоважа овој пат со Сталин и Енвер Хоџа.

Го чекаме времето кога на Артан Груби ќе му треба националистички наплив, и наместо Адем Јашари, по теркот со селфито со спомениците од Скопје 2014, да го истетовира Дража Михајловиќ.

И по примерот на Диоген од Синопа, кој со фенер шетал на дневната светлина, барајќи го човекот во луѓето, легендата вели дека Диоген од Чаир шетал со метрото во џебот, за да најде поволен дуќан за брат му. И таквиот цинизам говори за клептоманијата кај Диоген од Чаир, кој од преведувач во амбасада, стана милионер на грбот на народот во чија кауза вели дека се колне. Се разбира можеби цинизмот кај него ќе се излечи, но клептоманијата не.