Од партијата посочуваат дека ова е спротивно на досегашната пракса, но и кршење на Уставот на Република Македонија каде јасно се утврдува дека мандатот на градоначалниците истекува пред датумот кој Заев го нуди како можен датум за локалните избори.

-Изговорот дека се поклопува пописот со кампањата не држат, бидејќи пописот може да се одложи за месец ноември и со тоа ќе се испочитува Уставот. СДСМ и Заев до пред неколку дена ја убедуваа јавноста дека локалните избори и пописот се процеси кои можат без проблеми да течат паралелно, за сега Заев да говори нешто сосема друго. Заев менува ставови од денес за утре и тоа не е ново, но очигледно и Заев и СДСМ се свесни за расположението на граѓаните и се обидуваат да купат уште малку време со надеж дека ќе го ублажат поразот кој им следи, стои во соопштението на партијата.