„Немаме отворени прашања со соседите” и „Конечно имаме земја која никој не ја оспорува”, се зборови на лидерот на нај антимакедонската партија во Македонија, која сега е на чекор кон ново национално предавство.
Денеска Костадинов требаше да излезе на прес конференција и да каже зошто Заев лаже дека не ја прифатил бугарската декларација како дел од преговарачката рамка за европската интеграција.
Заев е невидена кукавица, не може да го погледне во очи сопствениот народ.
Денеска Костадинов требаше да излезе и да каже зошто полицијата на Спасовски незаконски тепа и преведува луѓе на протест, но срамот е голем да се погледне реалноста.
Деблокирање на процес со прифаќање на антимакедонска декларација со која ќе се поништи македонскиот јазик и историја е успех само за СДСМ.
Кукавичлукот на Заев е факт, да беше транспарентен, немаше да лаже и да манипулира со граѓаните. Дека Заев крие што веќе истргувал со Софија е јасно, во спротивно пред целата јавност ќе го обелоденеше договореното.
Заев, Македонија прашува за колку го продаде јазикот и историјата ?
4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ