Во партиското соопштение, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека вчерашната изјава на Захариева претставува потврда за тоа што го говорат подолго време, а тоа е дека Зоран Заев преговара за македонскиот идентитет.
– Македонија е заглавена во патот кон ЕУ од концесиите на Заев кон брат му Бојко, кој ветил уништување на идентитетот. Захариева кажа дека Заев прифатил да потпише дека македонскиот идентитет се одвоил од бугарскиот и тој настанал по 2 август 1944 година. Признанието на Захариева потврдува дека Заев преговара за македонскиот идентитет. Разговорот на Заев со Борисов само потврдува дека Заев е на пат да го исполни ветеното. Заев ги прифатил најшовинистичките бугарски теории и негации кон Македонците и Македонија. Заев буквално го сече темелот на државата и прифатил дека се што било пред 1944 година не било македонско. Заев не негираше ниту дека прифатил дека Илинденците и сите останати македонски револуционери се македонски бугари. Захариева го соголи Заев. А Заев ја соголил Македонија. Нашите позиции како држава се разнишани и уништени. Заев и лично виновен, затоа што почна да разговара за работи за кои не се разговара и отвори врата за блокади кон ЕУ. Се поврдија сите тврдења на Христијан Мицкоски дека Заев преговара за идентитетот и за обезличување на Македонија. Заев е камен на сопнување за Македонија и нашиот пат кон ЕУ, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.