Рашковски е фатен како со народни пари купил сопствен патент. Постојат сомнежи за десетина набавки на софтвер, а индициите за злоупотреби со народни пари се очевидни. Рашковски само неколку дена пред да се отвори истрагата против него го префрли целиот имот на своите малолетни деца. Што и зошто криел, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Рашковски во паника си ја ишкал мувата од капата и кога побегнал во Мексико мислел дека народот ќе заборави и дека инцидентите за сторен криминал се огромни, а и покрај доказите кои што ги објавиле медиумите,Заев упорно си го брани својот другар Рашковски и во изјава за медиумите од позицијата на премиер извршил притисок врз правосудните инстанци.

– Криминалите на Рашковски, како и тие на Заев се документирани. Циркузот како тој денес кратко ќе трае, а ќе дојде време за одговорност, и тогаш нема да биде Заев во позиција да влијае врз судството, велат од партијата, додаваат тие.

ВМРО-ДПМНЕ посочува:

– А тогаш Рашковски ќе треба да објасни се, па дури и како дошол до гаранцијата од половина милион евра. 4 години со Заев имаме само криминал и корупција, 4 години украден живот. Доста е