Следните осум месеци посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје
Жителите на општина Центар и возачите кои секојдневно транзитираат низ овој дел на градот, од денеска ќе се соочат со изменет режим на сообраќај. Промените ќе бидат на сила сè до 23 септември 2026 година.
Како што информираат од ГД „Гранит“ АД Скопје, посебниот режим се воведува поради реализација на градежни активности за изградба на нова комунална инфраструктура и улици. Зафатите ќе се одвиваат на улицата „Тодор Александров“, поточно на краците со број 11 и 12.
Активностите се спроведуваат согласно одобрението за времена измена на режимот на сообраќај издадено од Град Скопје. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација додека траат работите на терен.
