Според министерството, тоа е најмала заработка во изминатите години и единствена до сега што е помала од 2 милиони денари на годишно ниво е онаа една година претходно, во 2019, кога чистиот приход по извршител бил 2.298.097 денари што инаку пак бил најмал претходно. Споредбено, според овој извештај, падот на приходот за една година е 34 отсто. Најголем бил во 2018, во просек 3.251.272, што е далеку поголем од сите останати години. Тогаш дома месечно извршителите носеле по 4.400 евра.
На сите подрачја на основните судови има намалувања на вкупно остварените приходи по извршители. Вкупно остварениот приход по извршител изнесува 5,234.581 денари, што во споредба со 2019 кога оствариле просечен приход од 7.160.292 денари, има намалување од 26 проценти, се вели во надзорот.
Вкупниот профит што останал кај извршителите, по приходите и расходите, изнесувал 187 милиони денари, или 3 милиони евра, што според евиденцијата е за 16 проценти помалку од една година претходно.