На прес – конференција, министерката Куши објасни дека за време на дополнителниот наставен период, што почнува на 1 септември, од учениците не се бара да одат на училиште секој ден, додека наставниците и целиот училишен персонал ќе бидат таму со полно работно време за да обезбедат дополнителна настава и разни спортски, уметнички и културни активности.

-Внимателно оценувајќи ги и земајќи ги предвид загриженоста и предлозите добиени од наставниците и родителите, одлучивме да го продолжиме периодот на дополнителна настава а почетокот на новата учебна година, наместо на 13 септември, да почне на 27 септември 2021 година. Министерството и управите на училиштата ги превземаат сите потребн мерки за успешен старт и тек на учебната година, рече министерката.

Министерката Куши само пред осум дена соопшти дека новата учебна година почнува на 13 септември а од 1 септември „за да ги пополнат празнините предизвикани од учењето во услови на пандемија ќе се организира дополнителна настава“.

Наспроти објаснувањето на министерката дел од медиумите за денешната одлука оценуваат дека сепак е последица на континуираниот раст на новозаразени со Ковид-19, посебно на млади.