Бројот на белци во САД опаднал за прв пат во историјата на таа земја, покажале податоците кои ги објавило Американското биро за попис на населението.

Станува збор за пад од дури 8,6 проценти, при што податоците се собирано до 2010-та година, навел “Guardian”, а пренесува “Sputnik”.

– Белците сега сочинуваат околу 58 проценти од американската популација, што е пад во однос на 2010-та година, кога сочинувале 63,7 проценти. Тоа е прв пат бројот на белата популација, не сметајќи ги лицата со латинско потекло, да падне под 60 проценти, пренесува “Guardian”.

Истовремено, забележан е значаен раст меѓу латино популацијата, која пораснала за 23 проценти, додека бројот на жители од азиско потекло надминал 35 проценти. Бројот на Афроамериканци исто така се зголемил за 5,6 проценти.

– Американската популација станува се повеќе мултирасна и етнички поразновидна од било кога, рекол Николас Џонс, службеник до Бирото за попис на населението, со што предизвикал бурни реакции во американската јавност.

Бројот на жители во САД во претходните 10 години се зголемил за 7,4 проценти, но тоа е најбавен раст во американската историја. За споредба, бројот на Американците се зголемил за 9,7 проценти во периодот меѓу 2000-та и 2010-та година.