Пред само една недела тој број изнесуваше 6.102 пациенти на ден.

Пет од деветте австриски провинции бележат четирицифрен број на новодојденци.

Најдраматично е во Горна Австрија со 2.791 заболени, потоа Долна Австрија со 1.788 заболени, Штаерска со 1.207, Виена со 1.121 и Салцбург со 1.021 новозаразени.

Исто така, евидентиран е и бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид, а на интензивна нега има 359 лица.

Бројот на починати од коронавирус во последните 24 часа е 31.

Инаку, во изминатите 24 часа во Австрија се направени 186.022 ПЦР тестови.

Австриската влада, поради драматичното зголемување на бројот на нови случаи, одлучи да го примени нивото 4 од претходно усвоениот план, кој предвидува примена на правилото 2G, од понеделник, 8 ноември.

Ова правило значи дека само вакцинираните и оние кои бил заболени пред неполни шест месеци ќе можат да посетуваат ресторани, фризерски и козметички салони, културни установи, забавни паркови.