Полициски службеници од СВР Скопје за време на координирани активности лишија од слобода десет лица на повеќе различни локации на подрачјето на главниот град, кај кои биле пронајдени разни видови наркотични дроги.

Слобода им е одземена на дваесет и тригодишниот А.Т. од Велес, како и на скопјаните С.М.(33), И.М.(30), Ф.Г.(29), С.М.(46), С.Б.(39), Ј.К.(21), А.К.(27), Д.Џ.(30) и на шеснаесетгодишен малолетник, откако при претресите кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафеава грутчеста материја и прашкаста материја.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека по целосно документирање на сите поединечни случаи против приведените лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.