Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 32 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 33 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.