Крајниот рок за 340.183 дози вакцини против Ковид-19 истекува следниот месец во Федерацијата БиХ, соопшти Институтот за јавно здравје на ФБиХ.

Ако не се искористат навреме, 319.390 вакцини на Астра Зенека, 19.536 Фајзер и 1.257 Синовак ќе мора да бидат уништени. Вториот контингент вакцини, на кои им истекува рокот во ноември, е 25.170 Астра Зенека и 10.530 Фајзер, додека во декември истекува рокот за уште 64.350 вакцини.

Директорот на Институтот за јавно здравје на Република Српска, Бранислав Зељковиќ, изјави дека повеќе од 55.000 вакцини на Астра Зенека веќе пропаднале во РС. Рокот им измина на крајот на јули и август, а сега се подготвува уништување.