Спортско-рекреативен центар „Бранители“

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и пратеничката Каролина Насковска денеска во населеното место Љуботенски пат свечено го отворија новиот спортско-рекреативен центар „Бранители“.

„Ова е место на кое во минатото пораснаа многу генерации но за жал изминатите години беше целосно запуштено и претворено во депонија. Спортско рекреативниот центар “Бранители” се протега на повеќе од 2.600 м2 површина и има повеќе содржини – ново модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова челична ограда и ново лед осветлување, ново баскет игралиште со специјална подлога, нов парк и нови зелени површини, нови пешачки патеки, нова урбана опрема како и ново лед осветлување“ – информираше министерот Борко Ристовски.

Во Бутел отворен спортско-рекреативен центар „Бранители“ - Општината доби нов лик
Во Бутел отворен спортско-рекреативен центар „Бранители“ – Општината доби нов лик

Градоначалникот Дарко Костовски ги соопшти деталите

Ново модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова челична ограда и ново лед осветлување.
Ново баскет игралиште со специјална подлога
Фитнес зона за вежбање и рекреирање
Реконструкција на детското игралиште
Нов парк и нови зелени површини
Нови пешачки патеки, нова урбана опрема, како и ново лед осветлување.

Најавени уште проекти

Ова е уште еден спортско-рекреативен центар кој е изграден во изминатиов период. Ристовски најави дека негова заложба ќе биде изградба и на други вакви спортско-рекреативни центри кои ќе бидат ставени на располагање на граѓаните.

До крајот на мојот мандат секое населено место ќе добие свој модерен спортско-рекреативен центар. Општина Бутел се менува. Граѓаните го добиваат тоа што го заслужуваат, добиваат модерна, урбана општина со многу содржини – истакна Ристовски.