На дубровничката плажа Стара Мокошица морето е по втор пат за 10 дена полно со фекалии, односно бактерии ешерихија коли, па до следното известување не се препорачува капење, соопштија во петокот општинските власти, пренесува Хина.
Краткотрајно загадување со фекалии прв пат е забележано на 9 јуни од страна на Заводот за јавно здравје, по што на 10 и 11 јуни спроведена е ново испитување на водата, кога е потврдено дека резултатите од испитувањето се задоволувачки.
Ново краткотрајно загадување со фекалии потврдено е на 17 јуни.
– Со лабораториска анализа утврдено е дека резултатите од анализите на морето за капење ги надминува граничните вредности за микробиолошкиот параметар за ешерихија коли, истакнуваат од Заводот.
Земањето примероци од морето ќе се повторува до прекин на загадувањето, за што е известен Инспекторатот за заштита на животната средина и другите надлежни инспекции.