Американските власти објавија дека распоредуваат шест морнарички авиони специјализирани за електронско војување, како и околу 240 членови на морнарицата со цел да се зајакне одбраната на НАТО во Источна Европа.
Пентагон објави дека авионите EA-18Г Гровлер, од нивното седиште на островот Виби во државата Вашингтон се испратени во воздухопловната база Спангдалем во Германија, каде што ќе бидат стационирани.
Според соопштението, овие авиони не се наменети за употреба во Украина.