Анализата е направена врз основа на податоците за сите лица вакцинирани до 10 мај, вкупно 882.120, чиј статус е проверен три недели подоцна, односно на 1 јуни, јави Хина.
Од сите вакцинирани лица, 8.423 се заразиле откако ја примиле првата доза, што е нешто помалку од еден процент од вкупно вакцинираните. По ревакцинација се разболе 1.146 лица.
Од оние кои примиле две дози вакцина, хоспитализирани се 149 или 13 проценти од оние кои се разболеле и поркај вакцинацијата, а од оние кои примиле една доза и сепак се заразиле, околу девет проценти биле упатени на болничко лекување.
Нема починати, што недвосмислено укажува на тоа дека вакцинацијата е најбезбедна заштита, пишува Јутарњи лист.