Едниот од нив имал сертификат на име на друго лице, додека двајца прикажале сертификати на мобилен телефон чија адекватност ќе се вештачи.
-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (8 декември) околу 21 часот и 30 минути, во казино на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово ги лишиле од слобода Е.Х.(32) и Е.Ш.(29) од гостиварски Добридол и И.К.(46) од Тетово, поради сомнение за „употреба на исправа со невистинита содржина“.Двајца од нив немале сертификати за примена вакцина, а еден употребил сертификат од друго лице од Добридол, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот на тројцата ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.