Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 24 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 16 примени пациенти и 7 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 20 нови пациенти и 6 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 64 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 276 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 119 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 лица. На Клиниката за Детски болести има 21 пациент позитивен на ковид 19 вирусот и 7 на ГАК .

Вкупно 592 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, велат од МЗ.