Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка ги отпочна теренските активности за рехабилитација на улицата „св.Јоаким Осоговски” на потег од локалитетот Осички Мост до поранешниот мотел „Македонија”.

Градоначалникот на Крива Паланка, со службите од општината денеска извршија увид на терен каде интензивно се работи.

– И овој дел од градот наскоро ќе добие комплетно нов лик. По неодамнешното поставување тротоари на истиот потег од улицата, следува целосна рехабилитација на коловозот и уредување на улицата за што ќе бидат инвестирани 12 милиони денари, средства обезбедени преку Центарот за развој на Североисточен плански регион (СИПР), информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Оттаму посочуваат дека периодов се случува вистински градежен бум во општината, се инвестира во модерна и урбана Крива Паланка.