Полицијата во Лаос заплени 33 милиони таблети метамфетамин и 500 килограми кристал метамфетамин, изјави денеска официјален претставник на Агенцијата на ОН за борба против дрога и криминал.

Тоа е трета најголема заплена на метамфетамин досега во Лаос.

Според претставник на Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал, Џереми Даглас вчера во северозападната провинција Бокео биле запленети 200.000 таблети метамфетамин. Дрогата била откриена во камион, што бил запрен на контролен пункт.