Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје на 19-ти февруари (сабота) ќе биде домаќин на 10-тото издание на Фестивалот „Земјотрес“. На јубилејното издание на фестивалот на свежа, домашна и независна музика ќе настапат повеќе од 20 музички уметници на три одделни подиуми.
За 10-ката на „Земјотрес“ се најавени: 350teric, Andreja Salpe B2B Galatheia, Avelina, Basement Cult, Corrosion, Cruel, Cut Your Nipple, Demency, Kanton6, Lufthansa, Mamut, Marija Kaeva, Marko Rikaloski, Mihajlo Dojchinoski, Mirko Popov Quartet, Room 313, S.A.M, Sexy Marsa & Friends, Shirshaja, Taxi Consilium, Xajka.
Целовечерното дружење и на 10-тото издание ќе донесе нови, но и веќе препознатливи чинители на нашата алтернативна музичка сцена. Од МКЦ информираат дека влезниците се во строго ограничен број, до исполнување на 50 отсто од постојните капацитети.