Францускиот претседател Емануел Макрон ќе разговара со американскиот претседател Џозеф Бајден во наредните денови, објави денеска портпаролот на француската влада Габриел Атал.

Разговорот ќе се одржи поради дипломатската криза во односите меѓу двете земји, пишува Ројтерс.

Франција ќе побара „појаснување“ бидејќи Австралија откажа нарачка на подморници, во вредност од 40 милијарди долари, во корист на трилатералниот безбедносен договор со САД и Велика Британија, изјави Атал