На поголем дел од нив им се одземени возачките дозволи.

– Во октомври на поширокото тетовско подрачје 62 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол, веднаш биле исклучени од сообраќај, а на 51 од нив времено им се одземени и возачките дозволи. Покрај тоа, изготвени им се и соодветни поднесоци, така што тие ќе се соочат и со парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 225 до 325 евра во денарска противредност, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите и особено до помладите да не седнуваат зад волан доколку претходно конзумирале алкохол или да избегнуваат алкохол доколку возат,

Највисока глоба ги очекува оние кои имале над два (2) промили алкохол во крвта, а уште повисока од 500 евра е за оние кои одбиле да бидат алкотестирани.