Интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте. Оваа активност има извонредно значење и за Република Македонија и за целата дијаспора – после многу години и секакви шпекулации со бројките на иселени државјани, конечно да имаме јасна слика каде се и колку се нашите иселеници за да може да се креираат и насочат соодветни политики за нивна поддршка и овозможување на услуги кои им се потребни од својата татковина, додаваат од ДСЗ.