Руското државно биро, задолжено за набудување на Интернетот, „Роскомнадзор“ го блокираше сајтот navalny.com, на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални кој од јануари се наоѓа во затвор, како и 48 други сајтови на лица и организации поврзани со него, соопшти денеска тимот на Навални.

Рускиот суд во јуни го одобри барањето на обвинителите организациите поврзани со Навални да бидат прогласени за екстремистички, по што беа забранети, јавија британските медиуми.

Блискиот сојузник на Навални, Леонид Волков, на социјалната мрежа Телеграм напиша дека тимот наскоро ќе објасни како планира да ја заобиколи блокадата.

Навални во февруари беше осуден на затворска казна во траење од две и пол години и веднаш испратен на издржување на казната, за кршење на условната казна. сд/

Рускиот суд во јуни го одобри барањето на обвинителите, организациите поврзани со Навални да бидат прогласени за екстремистички, по што експресно беа и забранети, јавија британските медиуми.

Блискиот сојузник на Навални, Леонид Волков, на социјалната мрежа Телеграм напиша дека тимот наскоро ќе објасни како планира да ја заобиколи наметнатите блокади.

Навални во февруари беше осуден на затворска казна во траење од две и пол години и веднаш испратен на издржување на казната, за кршење на условната казна.