Затоа донесени се строги мерки кон оние кои со себе одлучиле да земат и најмала количина на песок или школки.
Казни до 3000 евра
Доколку бидат откриени, лицата кои земаат песок од плажите можат да се соочат со казни од 500 до 3000 евра а тоа неодамна и се случило на екипа фатена на сардинискиот аеродром со четири килограми песок од различни плажи.
Сите биле казнети со максимална глоба, објавија властите објаснувајќи дека плажите во Сардинија секоја година претрпуваат непоправлива штета поради тоа што „туристите без малку почит со себе си носат песок, камења и школки“.
Властите во Сардинија сериозно ги сфаќаат правилата на некои плажи. На плажата Спиаџа дела Пелоса, една од најубавите во Европа, туристите под пешкирите мораат да имаат сламена престилка и мораат да ја почитуваат строгата забрана за пушење.
На плажата е ограничен и бројот на посетители а се наплаќа и влез.