Во селото Бањска во општина Звечан на северот на Косово утрово не може да се влезе ниту да се излезе, откако вчера по обид на Србите да го блокираат патот во тоа село дошло до судир во кој загинаа тројца Срби и еден член на косовската полиција.
Како што изјави за Танјуг полицаецот на контролниот пункт на влезот во селото, екипи на крим-техника се внатре и дури откако ќе завршат со истрагата ситуацијата ќе се нормализира.
Блокирани се сите три приоди кон село Бањска, од правец на Звечан, Зубин Поток и од автопатот Косовска Митровица-Лепосавиќ.