Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Вучиќ во својот говор во ОН предупредил дека е можно и извесно да има конфликт на Косово, како што се случи во Бањска. Брнабиќ оцени дека единствениот виновник за конфликтот е косовскиот премиер Албин Курти и дека тоа е неговиот животен сон.

-Како држава ќе се обидеме да го најдеме најдоброто решение за Србите на Косово. Состојбата во која не доведе Албин Курти и молкот на меѓународната заедница се катастрофални. Дали Курти има „карт бланш“ да убива луѓе во Косово како што сака?, праша Брнабиќ.

Извор: Fokus.mk.