На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 109 мерки, во рамки на засилените сообраќајни контроли.
За возење под дејство на алкохол, информираа денеска од МВР, изречени се 26 санкции, 23 мерки за возење повеќе од дозволената брзина и 20 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се и шест мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за возач почетник.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.