Вкупно 131 мерка од кои 22 за возење повеќе од дозволената брзина, 23 за возење без возачка дозвола и седум за користење мобилен телефон, се изречени при вчерашните засилени сообраќајни акциски контроли на територијата на град Скопје.
Како што соопшти МВР, изречени се и 11 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 36 санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за некористење сигурносен појас, како и седум санкции за возач почетник.
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, апелира МВР.