Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 191 меркa.
Како што соопшти МВР, меѓу санкциите 49 се за возење повеќе од дозволената брзина, 22 за возење без возачка дозвола и пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се и девет мерки за користење мобилен телефон, 18 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила и четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.