Како што информира МВР, изречени се и осум мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за некористење сигурносен појас и девет мерки за минување на црвено светло на семафор.

Од МВР најавуваат дека и во следните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.