На територија на Град Скопје вчера се изречени вкупно 246 мерки во рамки на засилените сообраќајни контроли, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 12 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 20 мерки за возење без возачка дозвола.
Како што денеска информираа од МВР, изречени се 12 мерки за користење на мобилен телефон, 56 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 24 санкции за возење под дејство на алкохол, пет санкции за некористење сигурносен појас…
Засилените акциски контроли продолжуваат.