Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе повеќе одлуки по последната седница. Изречени се санкции за поединци и клубови, а против Македонија ЃП и Шкупи 1927 се поведени дисциплински постапки поради слаба организација на натпревари од третото коло во Втората МФЛ.

Златко Ристов, кондициски тренер на ФК Македонија ЃП, е казнет со забрана за вршење функција во траење од еден месец.

Против ФК Македонија ЃП е поведена дисциплинска постапка поради слаба организација, односно користење пиротехнички средства и фрлање предмети на теренот на натпреварот од третото коло во Втората МФЛ меѓу Македонија ЃП и Пелистер.

Дисциплинска постапка е поведена и против ФК Шкупи 1927 АД поради слаба организација, односно фрлање предмети на теренот на натпреварот од третото коло во Втората МФЛ против ФК Тетекс 1953.

Фудбалерот на ГФК Тиквеш 1930 АД, Лавал Емануел, е казнет со забрана за настап на три натпревари.

ФК Шкендија Арачиново е казнет со 2.500 евра поради слаба организација, фрлање предмети на теренот, присуство на неслужбени лица во службени простории и вербален напад врз судијата на натпреварот.