Собранието денеска во 12 часот треба да ја почне расправата по новата 71 седница, за која сè уште не е утврден дневниот ред. За збор се пријавени 37 пратеници од опозицијата.

На дневен ред на 71 седница се неколку годишни извештаи, повеќе предлог-закони, главно од областа на финансиите и одбраната, како и предлог – одлуки.

Од вчера пратениците од опозицијата во законодавниот дом почнаа „Активна блокада за национален спас“.

Од другите активности на Собранието, за денеска е најавена работна посета на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Косово.