Од Министерството за внатрешни работи информираа дека изутрина во 04.30 часот на автопатот Велес – Скопје, кај клучка Хиподром, патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(65) од Скопје, се превртело на коловозот. Во незгодата М.И. се здобил со тешки телесни повреди, а малолетна сопатничка и Н.И.(52) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Компекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.
АМСМ во вонреден извештај изутрината во 05.35 часот информираше дека патниот правец Велес – Скопје по обиколницата кај Хиподром е блокиран поради сообраќајна незгода.