Во Советот на Град Скопје ВМРО ДПМНЕ ќе има 17 советници, а СДСМ 12, соопшти вечерва Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК) на прес конфенција.
Во Советот на Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ со 78.538 гласа ќе има 17 советници, СДСМ со 52.431 глас има 12 советници, ДУИ со 26.338 гласа има 6 советници, Левица со 20.070 гласови има 4 советници, ЛДП и ДОМ со 9.152 гласа имаaт 2 советника, Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат 11.447 гласови и исто така 2 советника, колку што доби и независната листа на Зелен хуман град со 9.062 гласа, рече Даштевски.