Во Србија досега се дадени вкупно 4.013.265 вакцини против Ковид 19, додека 1.741.148 граѓани ги примиле двете дози на вакцината.
Кај соседите состојбата со епидемијата на вирусот корона се подобрува. Според последниот биланс за корона, денес се регистрирани уште 705 новоинфицирани лица.
Очигледно е дека масовната вакцинација дава резултати, затоа нашите епидемиолози и членови на Кризниот штаб се оптимисти, велат тамошните власти.