Од фабрика за марихуана во струмичкиот регион исчезнале 2 тони цвет од марихуана, дознава expres.mk од добро упатени извори во судот во Струмица.

Во магацините каде се чувале вкупно 8 тони марихуана сега нема цели два тони медицинска марихуана која на пазарот на големо вреди најмалку 6 милиони евра.

Ако марихуаната е продадена на ситно за крајно корисници уживатели на оваа тревка цената на исчезнатата стока е над 15 милиони евра.

Иако случајот според судски извори во Струмица е уредно пријавен МВР освен што според законот го обезбедува објектот засега неѓа поднесено соодветна пријава до обвинителството кое исто така засега не презема чекори за формално откривање на криминалот.

Засега нема конкретни чекори ниту од судот кои според извори во МВР со непостапување за случајот како да чека криминалот да исчезне сам од себе.

Во меѓувреме групата која најверојатно незаконски тргувала со марихуаната а која е дел од една фракција на владеачка партија се обидува да издејствува палење на марихуаната за да се уништат доказите за криминалот вреден милиони евра.

По овој текст на expres.mk и допрениот глас судот, МВР и обвинителството нема да можат да кажат дека не знаеле за криминалот ако марихуаната биде запалена.