Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.12.2022) продолжи со засилените контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за нерегистрирани возила.

Изречени се 21 мерка за управување под дејство на алкохол, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.