Половината од нив имале неисправни уреди за сопирање.
Од СВР Тетово информираат дека денеска од 8:00 до 12:00 часот, на тетовско-гостиварското подрачје била спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници (автобуси, такси комбиња и други). Притоа, вкупно биле откриени и законски санкционирани 15 возачи за констатирана технички неисправност на возила (ТЕ-4 и ГВ-11).
– Најголемиот број од возилата (8) имале неисправни сопирачки (ТЕ-3 и ГВ-5), а пет на гостиварското подрачје немале извршен технички преглед. Едно возило било со некомплетна опрема и едно со неисправни други уреди. Осумте возила со неисправни сопирачки веднаш се исклучени од сообраќај. На сите неисправни изготвени им се соодветни поднесоци, наведуваат од СВР Тетово.
Покрај ова, кај седум возила (ТЕ), автобуси и такси превозници откриени се други недостатоци од техничка природа и карактер, како и 10 други видови прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-2).