На 11.04.2021 во 09.44 часот во СВР Скопје било пријавено дека во викенд куќа во с.Раштак, скопско, била пронајдена почината В.Л.(71).
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Претходно од МВР, информираа дека вчера во 10.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пазарот во скопската населба Чаир има починато лице.
Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за Љ.К.(63) од Скопје.