ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 73-годишната Ф.А. од Кичево, осомничена за кривично дело „насилство врз дете“.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 29 август околу 18 часот во двор во Кичево, каде две деца играле со топка.

Како што е наведено во полициското соопштение, жената најпрво фрлала дрвја кон децата, а потоа со остар предмет ги бркала низ дворот и им ја оштетила топката.

Против 73-годишната жена е поднесена кривична пријава.