Пред 10 дена на аеродромот Фрањо Туџман во Загреб приведена е Бразилка која шверцувала дрога. Таа дрогата ја голтнала и тоа повеќе од 70 капсули полни со кокаин.
Во неделата, цариниците се посомневале дека таа пренесува дрога и ја задржале. Во Загреб слетала од Сао Паоло преку Лисабон.
Рендгенската снимка открила куп пакетчиња дрога во телото на Бразилката. Поради тоа, за да го заштитат нејзиното здравје и живот, таа веднаш била хоспитализирана во Клиничкиот центар во Загреб.
На полицајците и на цариниците им преостанало само да чекаат таа да излезе по голема нужда и да ги исфрли доказите.
И чекале неколку дена. Денеска, како што пишува хрватски Индех, конечно ги исфрлила сите 76 пакетчиња со дрога.
Од неа излегло речиси килограм кокаин.
Вкупното количество дрога пронајдено во телото на 27 годишната Бразилка е околу 990 грама.
Пакетчињата претходно ги голтнала во Бразил и така ги внела во Хрватска.
Целта била препродажба на дрогата, велат од полицијата.
По завршеното криминалистичко истражување, осомничената е во притвор и против неа е поднесена кривична пријава до надлежното