Две лица загинаа, а повеќе други се повредени откако утрово се преврте автобус со српски регистарски таблички на автопатот А3 во Хрватска, на делницата меѓу Иваниќ Град и Загреб. На местото на несреќата интервенирале полициски, противпожарни екипи и екипи на Итната медицинска помош, а повредените биле пренесени во болниците во Загреб, пренесува хрватскиот портал „24сата“.
Според соопштението на загрепската полиција, несреќата се случила околу 7:25 часот, на 61. километар од автопатот А3, во правец кон Загреб, непосредно по клучката Иваниќ Град. Две лица го загубиле животот, додека повеќе други се повредени. На повредените ќе им биде укажана медицинска помош во загрепските болници.
На местото на несреќата биле ангажирани седум противпожарни возила и 15 пожарникари од три доброволни противпожарни друштва и јавната противпожарна единица.
Сообраќајот се одвива забавено, по левата сообраќајна лента, додека полицијата извршила увид за да ги утврди околностите под кои дошло до превртувањето на автобусот.
