Премиерот Христијан Мицкоски ќе положи цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред зградата на Собранието. Потоа ќе положи цвеќе и пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“, како и на споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“. Мицкоски, во улога на претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ја предводи и партиската делегација што чествува во Ташмаруништа. Таму ќе положи цвеќе заедно со Ален Деребан, претседателот на ОК Струга, и пратеникот Јован Јаулески.
(ВО ЖИВО) Чествување на големиот празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден во Скопје
Македонија
02.08.2025. 10:25
