На Плоштад Македонија во Скопје веќе започна мултимедијалниот сценски спектакл „Силно светнал ден“, со кој се одбележуваат 35 години независност на Македонија.
Повеќе од 120 артисти учествуваат во спектаклот, кој преку музика, глума и танц ја раскажува приказната за изминатите три и пол децении од независноста на државата.
Публиката на плоштадот има можност да ги проследи најзначајните моменти од историјата на независна Македонија, но и приказната за подемите, предизвиците и достигнувањата што го одбележаа периодот.
Спектаклот „Силно светнал ден“ е завршница на истоимениот караван кој на 9 август започна од Охрид, а во изминатиот период гостуваше во 11 градови низ земјата.
Во неговата реализација учествуваат повеќе познати македонски музички изведувачи и актери.
