Ескалира состојбата во Шри Ланка. Демонстрантите денеска упаднаа во официјалната резиденција на лидерот на Шри Ланка во Коломбо, додека повеќе од 100.000 се собраа надвор, според полицијата, повикувајќи го претседателот Готабаја Раџапакса да поднесе оставка поради неговото лошо справување со економската криза во земјата.
Видеото емитувано на телевизијата Шри Ланка и на социјалните мрежи покажа дека демонстрантите влегуваат во Претседателскиот дом, канцеларијата и резиденцијата на Раџапакса во трговскиот главен град, откако ги пробиле безбедносните кордони поставени од полицијата.
Сликите покажуваат демонстранти внатре во зградата, како висат транспаренти од балконот, и како пливаат во базенот на резиденцијата.
Раџапакса не е на местото и е преместен на друго место, изјавија безбедносните службеници за Си-Ен-Ен. Не е јасно колку безбедносни лица се присутни на локацијата.
Населението во земјата која се соочува со најголемата економска криза во својата историја,на крајот на март ги засили своите протести по прекините на електричната енергија по 13 часа дневно.
На 9 мај дојде до судир меѓу демонстрантите собрани околу зградата на Кабинетот на премиерот и поддржувачите на Владата. Во главниот град Коломбо воените единици беа повикани на должност.
По зголемениот притисок од опозицијата, премиерот Махинда Раџапакса поднесе оставка на 9 мај и Владата беше распуштена.
Претседателот Готабаја Раџапакса на 12 мај за премиер го назначи Ранил Викремесинге, кој претходно беше премиер во три мандати.
По насилствата беше прогласен полициски час низ целата земја, а Владата нареди да се пука врз секој што ќе наштети на јавен имот за време на протестите.
Video footage of Sri Lankan protesters taking over President’s office in Colombo
📸 Buddi U Chandrasiri pic.twitter.com/FINwaaqUat
— NewsWire 🇱🇰 (@NewsWireLK) July 9, 2022