Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во моментов присуствува на пуштање во употреба на Спортско рекреативен центар кој ќе го носи името „Бранители“. Спортскиот центар се наоѓа кај Љуботенски Пат во Општина Бутел.

Во комплексот спаѓаат фудбалски терен со вештачка трева, баскет терен со специјална подлога, детско игралиште, мини парк и шеталиште за жителите.

Вредноста на овој проект изнесува 7.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

Изјавата на премиерот следете ја во продолжение:

Освен премиерот Мицкоски, овде свое обраќање ќе има и министерот Борко Ристовски, како и првиот човек на Општина Бутел, градоначалникот Дарко Костовски.